fbpx
ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Simbol Beograda - Avalski toranj ✹

Дали му се потребни на Белград повеќе мерни станици за проценка на квалитетот на воздухот?

Наместо да преземе конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот, градот Белград планира да набави дополнителни мерни станици

31. January 2023

Воздухот може да биде загаден и кога е денот сончев и кога поради тоа ни се чини дека нема загадување, но доволно е да погледнеме некоја од апликациите што повеќето од нас ја имаат на телефонот, а кои го мерат квалитетот на воздухот. Меѓутоа, за да дојдеме до овие податоци, мора да постојат мерни станици кои го мерат загадувањето на воздухот, а кои ги поставува Агенцијата за заштита на животната средина во соработка со градот (градот е должен да обезбеди места).

Најновиот План за квалитет на воздухот се однесува на периодот од 2021 до 2031 година и тој содржи 80 мерки за намалување и спречување на загадувањето на воздухот во Белград, а една од нив е зголемување на бројот на мерни станици и мерни места за контрола на воздухот.

Со ова, како што стои во Планот, се зголемува квалитетот на информирање на граѓаните, со цел зачувување на јавното здравје, но споменатата мерка на ниту еден начин не придонесува за намалување на загадувањето кое со години наназад се зголемува.

Во моментов не постои прецизен податок колку мерни станици има во Белград – според податоците на Градскиот завод за јавно здравје има 23 мерни станици, додека на веб-страницата на Агенцијата за заштита на животната средина има 27 станици на територија на главниот град. Вкупниот број на мерни станици на територијата на цела Србија, според податоците на ЅЕРЕ, изнесува 68 станици, што е секако значително помал број на станици распоредени на територијата на целата земја, во споредба со главниот град.

Со оглед на тоа што речиси половина од мерните станици распоредени на целата територија на Србија се наоѓаат во Белград, прашање е зошто во Планот за квалитет на воздухот во агломерација Белград како една од мерките е наведено дека е неопходно да се издвојат одредени средства од буџетот за нови станици.

Миленко Јовановиќ и Дејан Лекиќ од здружението граѓани Национална еколошка асоцијација нагласуваат дека поставувањето на нови мерни станици е апсолутно непотребно, бидејќи успешноста на управувањето со квалитетот на воздухот не се оценува според бројот на набавени непотребни анализатори и станици, туку според нивото на намалување на емисиите кои предизвикуваат прекумерно загаден воздух.

Огњан Пантиќ од Белградското отворено училиште, наведува и дека не постојат јасно доделени средства за реализација на Планот, ниту пак видлива координација за спроведување и известување за Планот во градската управа и посочува дека токму тоа треба да се стави во фокус.

Исто така, не постои податок за местата каде би биле поставени мерните станици, ниту зошто токму на тие наведени места да се постават.

„Ниту 1.000 станици нема да го подобрат квалитетот на воздухот, ниту пак да ја сменат долгогодишната дијагноза дека воздухот е прекумерно загаден“, изјавија Миленко и Дејан од Националната еколошка асоцијација.

Огњан Пантиќ, пак, како позитивен пример ја наведува соработката меѓу агенциите и граѓаните, како што е случај во Америка, каде граѓаните добиваат инструкции каде да добијат сензори и како да ги користат, а вели и дека ситуацијата во Србија во однос на мерните станици кои ги инсталираат граѓаните е добра.

Освен притисокот и докажувањето дека Планот за подобрување на квалитетот на воздухот е создаден за да не ја исполни својата суштинска цел, а тоа, според Миленко и Дејан од здружението на граѓани Национална еколошка асоцијација, е донесување и спроведување на соодветни мерки насочени кон подобрување на квалитетот, граѓаните се немоќни затоа што институциите не ја работат оваа работа.

Сето горенаведено нè наведува на заклучок дека парите треба да се пренасочат кон конкретни мерки кои би довеле до намалување на загаденоста на воздухот таму каде што веќе постојат мерења и укажуваат на тоа дека воздухот е прекумерно загаден или да се воведат мерни станици во градовите каде што има нема такви станици. Затоа, покрај констатацијата дека воздухот е со прекумерно слаб квалитет, институциите треба да работат на намалување на ова загадување.

Preporučeni tekstovi

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Pratite nas na:

0 Comments

Submit a Comment

Vaša email adresa neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *