fbpx
ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹ ANTENA NOVA EPIZODA: Pruga Beograd-Bar ✹

Колку влијаат урбанизмот и сообраќајот на загаденоста на воздухот во Белград?

Ајде да поставиме еден мисловен експеримент: 2022 година е, а Вие го пакувате куферот за своето прво патување со времеплов во Белград 2041 година…

31. January 2023

Дивата градба, лошите урбанистички решенија и сообраќајот се поврзани и директно влијаат на загадување на воздухот, затоа кога зборуваме за нивното влијание на квалитетот на воздухот во Белград, мораме да ги вклучиме сите овие фактори.

Планот за квалитет на воздухот зa Белград кој се однесува на периодот од 2021 дo 2031 година го препознава сообраќајот како еден од факторите кој придонесува за загаденост на воздухот. Меѓутоа, се поставува прашањето дали се соодветни решенијата кои ги нуди овој план за подобрување на квалитетот на воздухот во Белград?

Не можеме да зборуваме за Планот за квалитет на воздухот без да го споменеме Генералниот урбанистички план (ГУП) бидејќи самиот План за квалитет на воздухот, меѓу другото, се потпира и на овој документ. Сегашниот ГУП на Белград е донесен во 2016 година со временски хоризонт до 2021 година, што не значи дека документот е истечен, туку дека опсегот на развој што го насочува е ограничен до таа година.

„За жал, одамна е присутна негативната планска практика на подредување на развојот на градот на доминантно економскиот интерес. Затоа, кога ќе го погледнеме континуитетот на планирањето, ќе видиме постојано проширување на градежното земјиште за изградба на нови деловно-комерцијални, станбени, угостителско-туристички објекти и комплекси, најчесто на сметка на зелените површини и јавните површини. Поради отсуството на квалитетен социјален дијалог, речиси по правило политичките влијанија и економските интереси преовладуваат над јавниот интерес. Последиците од таквиот пристап најостро се забележуваат во доменот на заштитата на животната средина, која трпи најголем притисок од интензивната урбанизација“, смета Драгомир Ристановиќ, урбанист на RERI.

Сето тоа директно влијае на квалитетот на воздухот, кој во последно време е многу загаден во Белград. Во планот за квалитет на воздухот на Белград се наведува дека уделот на загадувањето на воздухот од сообраќајот се движи од 13% во Земун до 40% во областа околу Ветеринарниот факултет. Овој ист План како дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот го споменува подобрувањето на велосипедскиот сообраќај. Парадоксално, Градот Белград во буџетот за 2023 година предвиде нула динари за велосипедска инфраструктура.

„На прво место, на Белград му треба модерен, сигурен, чист, еколошки, фреквентен, разгранет и на сите достапен јавен превоз, кој ќе ни овозможи да ја намалиме употребата на автомобили и сите непотребни трошоци кои доаѓаат со нивното поседување и одржување. Во Европа има многу инвестиции во јавниот транспорт, што не можеме да кажеме дека е случај во Србија“, вели Игор Велиќ, сообраќаен инженер.

Елизабет Пауновиќ, експертка за јавно здравје, смета дека има голем број позитивни примери во Белград и во другите градови.  

Но, таа потсетува дека, за да биде влијанието поголемо, овие активности треба да станат пракса, а не да останат само пример.

Да речеме дека патувањето низ времето е возможно – и дека можеме да се телепортираме во 2041 година. Што ќе не чека таму зависи од тоа како ќе се однесуваме во сегашниот момент. Квалитетното, рано и систематско вклучување на јавноста може да предупреди имплементација на штетни плански решенија. И повеќе од тоа – ваквите решенија може да се заменат со смислени, поцелисходни предлози кои експертите, невладините организации и самите граѓани можат да ги достават до Градската управа. Во која мера овие предлози ќе бидат вградени во идниот нацрт, времето ќе покаже, но она што е сигурно е дека јавноста не смее да го занемари своето право и можност да влијае на јавните дискусии и на тој начин да се обиде да ги спречи штетните одлуки што ги носат органите на власта.

Preporučeni tekstovi

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Pratite nas na:

0 Comments

Submit a Comment

Vaša email adresa neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *